Предности:
Достапност: Во принцип ламинатот е поефтин од останатите подни облоги. Големата разновидност на ламинат на пазарот го прават идеален избор за сечиј буџет.
Трајност: Споредбено со килими, паркет или винил, ламинатот е потраен, отпорен на гребење и цврст. Неговата цврста површина го прави идеален избор за домови со деца и домашни миленици.
Лесна монтажа: даските се спојуваат преку клик-систем, со што нивното монтирање е исклучително лесно во споредба со другите видови подни облоги. Покрај тоа, при монтирањето на ламинат не е потребно да се употребува лепак, шајки или спојки, кое заштедува на време за монтажа и го прави овој вид подна облога “направи сам“.
Одржување: Не се потребни специјални средства за чистење. Често метење и чистење со влажна крпа е се’ што Ви е потребно.
Асортиман квалитетни производи: Можете да го изберете Важиот ламинат според класата на отпорност кон абење. На примет, доколку сакате атрактивен под за Вашата дневна соба, во која нема голема фрекфенција, моѓете да се фокусирате врз надворешниот изглед на ламинатот (дезенот), наместо на дебелината или повисока класа на отпорност кон абење.
Дезени: Ламинатот се нуди во широк спектар дезени кои имитираат керамика, камен или дрво. Постои рановрсност и во видот на шарата, на цела даска или на делови, како и во однос на површината на ламинатот, која може да биде мазна, матирана или со различен релјеф. Гаранции: ПовеПовеќето ламинати имаат гаранција против избледување, дамки или абење