За нас

Спеис Флорс е компанија која успешно работи на македонскиот пазар уште од 2004 година. Истата е специjaлизирана во сегментот на продажбата на подни облоги и додатоци за нив.  Широкиот асортиман на ламинатни подови со кои фирмата располага на лагер е селектиран од колекциите на утврдени европски производители како Swisskrono Group, Tarkett, Classen и Kronoflooring.

Спеис Флорс ги прати светските трендови во областа на подните облоги и ги пренесува во своите продажни салони лоцирани низ државата, каде што сите посетители можат да се запознаат со новите бои, структури и димензии на ламинатните подови. Во своите салони Спеис исто така ќе ви го презентира асортиманот на трослојни и класични паркети, винилни подови, ѕидни облоги, вештачка трева, ѕидни и подни лајсни како и додатоци за нивната монтажа.

Бидејки нашиот приоритет е вашата сигурност, задоволство и хармонија, нашиот тим ќе ви помогне да одберете најдобриот за вашите потреби продукт и ќе ви понуди стручна и квалитетна монтажа на истиот.