ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ

Поставување на ламинат

Задолжително прочитајте ги упатствата пред поставувањето ламинат!

Ве молиме, најпрво прочитајте ги целосно упатствата за поставување! Точно придржувајте се кон тие упатства за да го обезбедите своето право на целосна гаранција. На соодветна светлина проверете ги панелите ламинат за евентуални недостатоци. Во случај на обработени панели, Вашето барање за рекламација нема да биде важечко. Земете во предвид дека овој ламинатен под не е соодветен за мокри пфостории како бањи и сауни.

Подготовка

  • Ве молиме, во рок од 48 часа чувајте ги пакетите при истите климатски услови, при кои ќе биде вршена монтажата;
  • Важна претпоставка за монтажата и долго зачувување на ламинатниот пшод е микроклимата во просторијата да е со температура од околу 20 целзиусови степени и релативна влажност на воздухот од 50-70%;
  • Основата на подото треба да  е потполно рамна, чиста и без оптоварувања. Нерамнините на подот кои се повеќе од 3 мм на 1 м, потребно е да бидат израмнети од специјалист.
  • При поставување врз минерални основи за подови, како на пример бетон, цимент, ахидратна кошулица и камени плочи, потребно е да се изврши мерење на влажноста.
  • Пред поставување, кошулицата не треба да ја надминува следнава  влажност:
  • Циментна кошуица; со подно греење < 1,8% CM; без подно греење < 2,0% CM ахидратна кошулица; со подно греење < 0,3% CM; без подно греење < 0,5% CM
  • Подот, покриен со килим не е соодветна подлога, па поради тоа потребно е да се отстрани пред моставувањето!
  • Подниот ламинат се поставува нефиксирано и не треба да се лепи или фиксира на некаков друг начин (на пример со стопери зад врата) кон основата на подот!
  • Пред поставувањето, се препорачува панелите да се сортираат според преминувањето на текстурата и евентулно според бојата на нијансите.
  • Отворените пакети треба да се обработуваат без одлагање!