ВИНИЛНИ ПОДОВИ- SPC

Палетата на производи на Спеис Флорс е надополнета со новата генерација на SPC подови со дебелина од 5 мм во колекција Rocko. Овој под овозможува монтажа на плочки, под услов подот да биде израмнет. Има уште една огромна предност - водоотпорен е! Можете да го поставите на места изложени на влага, како што се кујни или бањи, а поради неговата висока јачина, може успешно да се користи и во јавни простори како што се продавници, ресторани, канцеларии, хотели, бидејќи има класа на отпорност на абење од 23/34.

Друга предност на SPC панелите е површинскиот слој, кој е многу пријатен на допир. Панелите се топли и удобни дури и на ладно утро.

 Но, што точно е оваа подна облога?

Подовите ROCKO се изработени од висококвалитетен SPC (Stone Polymer Composite) материјал, со јадро составено од 70% мермер во прав. Основата е дебела 5мм. Декорот е дигитално печатен и со УВ заштита . Овој под има многу функционални карактеристики:

  • Антибактериски својства: специјалната антибактериска обвивка го спречува развојот на микроорганизми, особено вреден квалитет за родителите на мали деца;

·      Анти-статички својства: обезбедува заштита од непријатен статички електрицитет. Овој тип на површина задржува помалку прашина и нечистотија, поради што е исклучително лесен за чистење;

·      Отпорност на гребење;


·      Акустична изолација : обезбедува изолација од бучава со апсорбирање до 37% од бучавата при одење;

·      Отпорност на лизгање: функцијата е особено важна при монтажа во бања или кујна, каде што истурената вода може да предизвика лизгање;

·      Димензионална стабилност: јадрото од над 70% мермер во прав, гарантира исклучителна димензионална стабилност. Високата содржина на минерали им овозможува на панелите да се поставуваат покрај големи прозорци, па дури и во зимски градини, бидејќи тие не се шират при температурни промени. SPC панелите може да се монтираат без потреба од експанзиони фуги во простории со површина до 400 м2 (20м x 20м);

·      Отпорност на дамки: благодарение на специјалниот слој, нечистотијата не се лепи на подот и лесно се отстранува.

Поставувањето на SPC е исклучително лесно благодарение на склопот со 1 clic 2 go pure. Покрај тоа, панелите може да се постават директно на стариот под без подлога, на пример на керамички плочки. Ваквото решение дефинитивно го олеснува и го забрзува внатрешното реновирање.

Нудиме широк спектар на модерни декори со богати нијанси, што создава можност да се реализира дури и најсложениот ентериер. Можете да изберете помеѓу декори кои го имитираат изгледот на дрвото или популарните сиви и темни декори кои имитираат камен и бетон.

Современите технологии овозможуваат совршена репродукција на декорите. Колекцијата Rocko вклучува до 60 различни плочи во еден декор, кои имаат уникатен принт кој наликува на природен под. Четиристраната V-фуга дополнително го нагласува автентичниот изглед на подот.