Фугата е мала вдлабнатина на спојот во форма на V, која станува видлива при спојување на 2 дaски од ламинатот. Обично се означува од страна на производителите со симболите 2V за двострана фуга и 4V за четиристрана фуга.
Двострана фуга (2V) - двете долги страни на ламинатот се закосени.
Четиристрана фуга (4V) – косините се на четирите страни на ламинираниот паркет (кратката и долгата).
Фугата се прави со пресување или глодање на ламинираниот паркет, а тоа не влијае на цврстината и издржливоста на ламелите. Фугата дополнително се обработува, со што се обезбедува заштита од влага.
Техничките предности на фугата
Ламинатот со фуга има непобитни предности во однос на другите ламинатни подови. Присуството на фуга ги минимизира шансите за време на користење да се појават два од најголемите визуелни дефекти на ламинатот - валкани споеви на ламинираните плочи (особено видливи на посветли ламинати) и набабрени краеви на ламелите поради навлегување на влага по чистењето. И во двата случаи, фугата ги прави овие дефекти невидливи или речиси невидливи.
Естетските придобивки од оборените ивици
Визуелно ламинатните подови со оборени ивици се многу привлечни, а многу убави се и варијантите на потесна даска од стандардната. Благодарение на фугата, ламинатните подови изгледаат многу модерно и наликуваат на под од природно дрво. Фугата е всушност позајмена од скапите цврсти паркети од егзотични дрва, кои речиси секогаш се продаваат готови лакирани и со двострана или четиристрана оборена ивица. Затоа, присуството на фуга ги прави ламинатите многу поавтентични и по изглед поблиски до природниот паркет.
Дали фугата на ламинатот лесно се валка?
Собирањето на нечистотија по ламинатните подови со оборена ивица не се разликува значително од површинската нечистотија на обичниот ламинатен под. Ова се должи на специјалните лакови кои се користат во фугите. Површините се исклучително мазни и не дозволуваат нечистотијата да се собира.
Одржувањето на ламинатниот под со фуга не се разликува од она на керамичките плочки, каде што споевите се полни со смеса за фугирање. Нашата практика покажува дека за нормален дом со нормална употреба, оборените ивици не се валкаат, а сосема стандардното чистење со правосмукалка или малку влажна крпа е сосема доволно за фугите на ламинатот да изгледаат совршено чисти долго време.
При обично чистење, честичките од нечистотија со длабочина > 1 mm лесно се отстрануваат со правосмукалка. При влажно чистење со микрофибер џогер или крпа за чистење, подот треба да се избрише по должината на ивиците. На овој начин се гарантира отстранување на сите нечистотии.