Доколку под Вашиот ламинат сакате да поставите подно греење, претходно треба да се запознаете со барањата кои производителите на ламинат ги имаат во однос на инсталацијата за затоплување. Следниве неколку совети ќе Ви помогнат да си обезбедите непречена експлоатација на ламинатот во комбинација со системите за подно греење.
Задолжително е да вградите водно подно греење со цевки, вградени во кошулицата, а не електрично подно греење. Електричното подно греење развива премногу висока површинска температура, која што може да доведе до премногу силно термичко раширување и намалување на ламинатните даски, па така постои опасност од отварање на фуги.
Максималната температура на подното греење (измерена на површината на кошулицата) не смее да надминува 28 целзиусови степени. Тоа значи дека температурата на водата во цевките не треба да надминува од 35 до 38 степени, за да се обезбеди 28 целзиусови степени површинска температура. Исто така, температурната промена во рамките од едно деноноќие не смее да биде поголема од 5 целзиусови степени. Во секој случај, потребно е да се консултирате со производителите на системот за подно греење и да се усогласите со нивните барања.
Пожелно е системот за подно греење да располага со ситем за далечинско управување за регулирање на температурата. Пред монтирање на ламинатот, важно е инсталацијата за подно греење да биде испробана за да се констатираат и отстранат можни неисправности.
Проверка на подно греење
Во рамките на 4-5 дена, температурата на подното греење се зголемува со 3 до 5 целзиусови степени на ден.
Сите подови од ламинат се соодветни за монтажа врз подно греење благодарение на својата висока густина од околу 900 кг/м3, кое овозможува топлината лесно да минува преку ламинатот. Коефициентот на топлинска отпорност на повеќето видови ламинат според DIN 4108 се движи од 0,10 до 0,15 W / (m * K). Тоа претставува способност на одреден материјал да пренесува енергија. Колку е поголема неговата вредност, толку се подобри карактеристиките на ламинатот. Ова значи дека за да се почувствува максимално ефектот на подно греење, треба да се користат подлоги и ламинат со најнизок коефициент на термичка отпорност за да не дејствуаат како изолатор самите.
При монтажа на ламинат врз подно греење, важно е да се сообразите и со видот на подлогата која ќе ја користите. За ова соодветни се подебели подлоги, како и специјални подлоги за монтажа на ламаинат или трислоен паркет врз подно греење.