Вообичаено, кујната е најкористената просторија во секој дом, па затоа, од особено значење е Вашата кујна да е лесна за чистење, но истовремено и топла и пријатна. Да не заборавиме тдека тоа е местото кад еја приготвувате храната за Вас и Вашето семејство, така да одржувањето добра хигиена е од особено значење. Ламинатот е идеално решение за секоја кујна, најмногу поради тоа што е лесен за одржување и има голема разновидност од различни дезени, кои одговараат на стилот на Вашата кујна.
Ламинат со природна боја секогаш е добра варијанта, бидејќи постојат многу предлози во различни нијанси и текстури.
Од дезени на трислоен паркет до посветли дрвени дезени, или дезени со автентичен рустичен изглед.
Друг добар избор за вапата кујна се темните ламинати. Кај нив трагите од нечистотија и ситните честички не се познаватт толку многу како кај светлите дезени.
За оние од Вас, кои не би сакале да постават ламинат во својата кујна за да не се подуе од евентуално истекување вода од пералната или од водоводната мрежа, би го предложиле следново решение. При монтажа на ламинат, употребувајте clic sealer. Во буквален превод (click sealer) значи запечатување на клик системот на ламинатот. Обезбедува дополнителна заштита на ламинатот од проникнување на влага помеѓу даските. Едно пакување clic sealer содржи 250г. за околу 20м2.
Каков и да е Вашиот избор, ламинатот претставува подна облога која се нуди во многу разновидни варијанти и по достапни цени. Убедени сме дека ќе го најдете вистинскиот дезен, кој одговара на Вашиот стил во кујната.