ДАЛИ СМЕАМ ДА КОРИСТАМ ПАРОЧИСТАЧ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА МОЈОТ ПАРКЕТ?

Сите ние сме виделе чудесни реклами на телевизија за парочистачи, со кои лесно се отстрануваат секакви дамки и нечистотија. Во продавниците често добиваме прашања од клиенти, кои се прашуваат дали да употребуваат парочистач за чистење на својот паркет.

Парочистачите чистат преку впрскување на пареа под висок притисок врз површината на подот, и идеата е дека откако ќе испари пареата, таа ја отстанува нечистотијата сосем лесно и ефикасно. Тоа звучи прекрасно, но впрскувањето пареа под висок притисок значи дека нма местата каде даските се соединуваат ќе се насобере влага, како и под самата подна облога. Иако подот ќе изгледа сосем сув за кратко време откако со парочистач сте поминале преку него, постојаното чистење со такви уреди може да доведе до оштетување на вашиот под. Парочистачите можат да го оштетатт вашиот под, без оглед дали станува збор за класичен дабов паркет или ламинат. Оштетувањето ќе се изрази преку губење на бојата, замаглување на горниот слој, подување или напукнување, но едно е сигурно, а тоа е дека на еден или друг начин ќе го оштети Вашиот под.