Ѕидна облога SPC Vilo Dark Stone 60х120см

DS60x120 4mm
VOX
По нарачка - до 20 дена

Ѕидна облога SPC Vilo Димензија - 600x1200x4mm Состав - Stone Polymer Composite Број панели во пакет - 4 = 2,88м2

Композитните декоративни панели SPC (Stone Polymer Composite) имаат висока отпорност на удар, отпорност на УВ зрачење, не се деформираат и нивниот надворешен тврд слој секогаш останува недопрен. Висококвалитетното дигитално печатење на панелот го прави отпорен на боење од надворешни влијанија (кафе или чај, раствори на етил алкохол, оцетна киселина или раствор на натриум бикарбонат), поради тоа овие панели се совршени за ѕидни облоги во кујната или бањата.

Инсталацијата е исклучително лесна, само со апликација на лепак/силикон. SPC панелите може да се исечат со нож за да ги добиете посакуваните димензии и форми. Се препорачуваат нежни средства за чистење при нега на панелот. Достапни се во следните димензии: 30x60cm и 60x120cm, со ебелина од 4мм.

- SPC панелите се водоотпорни и можат да се користат во простории со висока влажност

- не бараат фугирање, а нивното меѓусебно комбинирање дава фин елегантен ефект

- претставуваат модерна алтернатива на класични плочки

- инсталацијата е супер лесна,

ВАЖНО:

- SPC панелите НЕ СМЕАТ да се поставуваат во близина на оган и не се наменети за поставување на подот

- За чистење користете неабразивни препарати за да не се оштети горниот заштитен УВ-слој на панелот

- Пред инсталација, производот се остава 24 часа во лежечка положба во просторијата што треба да се вгради

- Лепилото кое ќе се употребува мора брзо да се суши (пр. момент фикс, експрес или содал ALL fix)

- При инсталација, почнете да лепите од долу нагоре со што жлебот треба да биде насочен надолу

2100.00 MKD/м2